Левица: Корисниците на времена инвалидска пензија оставени на милост и на немилост

Од:

Лицата кои што се корисници на времена инвалидска пензија поради правни празнини може да станат социјални случаи. Актуелните законски решенија не предвидуваат мирување на работниот однос на работници на кои поради професионално или друг вид на заболување им е доделена времена пензија. Односно, ваквиот тип на пензија може да се користи најмногу две години, а за тоа време на работникот му престанува работниот однос, изјавија од Левица.

„Во случај кога Комисија за оценка на работната способност оцени дека работникот е способен за работа, правото на времена пензија на работникот му се укинува, поради неможноста да се врати на своето работно место, тој станува финансиски необезбеден или потенцијален социјален случај. Голем број на работници, се жалат дека оваа комисија многупати донесува одлука за укинување на правото на времена пензија и покрај тоа што работникот не е оспособен да се врати на работното место и ги извршува работните задачи.

Законот за работни односи предвидува мирување на работниот однос за лица кои се избрани на државни или јавни функции или при упатување на работа во странство, но не содржи одредби за мирување на работниот однос во случај на професионално или друг вид на заболување. Како социјална држава, Република Македонија има уставна обврска да се грижи за обезбедување на услови за живот за сите граѓани подеднакви, особено за лица кои се во социјален ризик.

Владеењето на елитистичките касти од ДПМНЕ и СДС, повеќе од триесет години покажа постојано ускратување на работничките права и зголемување функционерски привилегии. Во насока на заштита на егзистенционалните права на работниците, Левица најавува дека покрај измените во ЗРО со кои се бара враќање на патните трошоци на работниците, ќе интервенира и во други членови од овој закон со цел заштита на работничките права, вклучително и регулација на овие правни празнини, кои дозволуваат егзистенцијата и преживувањето на работникот да зависи од волјата на една комисија“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он