Левица: Колку ги чинеше граѓаните театарот за фабриката со електро автомобили?

Од:

Компанијата за производство на електрични возила од Ахен, „Next.E.Go”, банкротира и, дефинитивно, оди во стечај. „Next.E.Go” или кај нас познати како ,„Еколог”, во сопственост на фамилијата Дестани, блиска на ДУИ, во 2022 година, заедно со раководството на двоецот СДС-ДУИ, помпезно „удрија“ камен темелник за изградба на фабрика за електро автомобили во Тетово. Владата на СДС-ДУИ во тоа време одобри 130 милиони евра државна помош за оваа „инвестиција“, а во февруари годинава потпишала и анекс-договор за исплата на дополнителна државна помош, се вели во реакцијата на Левица.

„На прашањето колкава сума народни пари исплатила Владата од Буџетот на РМ, „Еколог“ нема одговор! Договорот со оваа компанија беше раскинат уште во март.
Политичката партија #Левица и тогаш излезе со соопштение дека оваа инвестиција никогаш нема да се оствари, фабрика нема да има, а нема да има ниту вработување за деветстотини млади и стручни работници, како што власта најавуваше. Но, наместо помпезните владини најавување, за жал, се остварија најтемните предупредувањата кои ги дадоа нашите секторски експерти.

Денес сведочиме и на фактот дека иако стечајот бил најавен уште во март, сепак, властите вешто го криеле овој податок од очите на јавноста, а со цел да не си го нарушат имиџот во предизборието кое следеше, направија дополнителни штети на државата! Со цел да се избегнат вакви несакани сценарија и состојби, Левица апелира новата влада час поскоро да изврши анализа и ревизија на целиот процес и транспарентно да излезе со информација за тоа колку оваа „инвестиција“ го чинеше буџетот на државата! Секако, ова вклучува и повик за одговорност на сите учесници кои имале директен или индиректен удел во оштетувањето на државниот буџет“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна