Левица: Катастрофална состојба на локалитетот Острово – одлика на неспособноста на градоначалникот Стефковски

Од:

Локалитетот Острово, некогаш живо засолниште за ретки видови птици и богат екосистем од над 600 видови дрвја, сега е во урнатини, жртва на запоставување и рамнодушност. Јавното комунално претпријатие на општина „Гази Баба“ срамно ја игнорира својата законска обврска за одржување и заштита на овој споменик на природата обвинува Левица.

– Градоначалникот од ДПМНЕ, Бобан Стефковски и неговите инспектори не ја исполнуваат својата законска обврска да го заштитат локалитетот, кој воедно е споменик на природата. Секојдневно сме сведоци на нови недозволени сечи на заштитената биомаса, додека на самиот простор има се поголем број на диви депонии. Левица најостро ја осудува ваквата неодговорност и незаинтересираност. Го повикуваме градоначалникот Стефковски и неговите инспектори веднаш да ги исполнат законските обврски, да го исчистат Острово и да преземат конкретни чекори за обновување и заштита на ова витално природно богатство. Жителите на Гази Баба заслужуваат градоначалник на кој приоритет му е зачувувањето на нашата животна средина пред негрижата и рамнодушноста, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он