А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЛЕВИЦА: Јавно обелоденување на имињата на македонските граѓани кое се дел од аферата „Панама-документи“

by А1он05/04/2016 - 11:0105/04/2016 - 13:59210
Share0

„Со откривањето на аферата наречена „Панама-документи“ протекоа податоци за користење на „оф-шор“ сметки за изнесување на огромни суми пари од страна на разни светски моќници.

Добивај вести на вибер

Минатата година, во аферата наречена „Swiss Leaks“, од страна на истата организација која ги објави податоците вчера, беше објавено дека девет лица поврзани со Македонија поседувале слични вакви сметки во една швајцарска банка, на кои имало 164 милиони САД долари.

Иако Јавното обвинителство наводно отвори постапка во врска со овие случувања, јавноста сè уште не знае како противправно биле отворени овие сметки, како ни кое е потеклото на тие милионски суми на средства.

Воопшто не сме изненадени што Јавното обвинителство нема намера да го расчисти случајот „швајцарски сметки“, слично како што нема намера да го расчистат и случајот со прислушувањето во Македонија. Немаме ни илузии дека ќе сакаат да истражат дали има македонски граѓан(к)и кои се инволвирани во најновата афера со “оф-шор“ сметките во Панама.

Затоа, сакаме јавно да ги поддржиме и охрабриме новинар(к)ите, активно да се вклучат во обелоденувањето на сокриените пари.

Исто така, го повикуваме и Специјалното јавно обвинителство да отвори постапка за овие сомнителни случаи поврзани со перење пари од страна на корумпирани македонски политичари.

Јавноста треба да знае дали има граѓан(к)и од Македонија кои поседуваат противзаконски сметки во „оф-шор“ дестинациите, на кој начин тоа го направиле, и на кој начин стигнале до тие средства кои треба да ги сокријат.

Само со обелоденување и санкционирање на ваквите криминали можеме да изградиме праведно општество“, се вели во соопштението на ЛЕВИЦА.

levicapanama

Би можело да ве интересира

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Горан Наумовски12/03/2026 - 17:22

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

Горан Наумовски08/03/2026 - 14:32

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски03/03/2026 - 16:1403/03/2026 - 16:32

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Горан Наумовски02/03/2026 - 11:44

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен