Левица: Измените на Закон за рударство се кроени во интерес на корпорациите

Од:

Под изговор на „усогласување со европските директиви“ и „развој на рударството“, власта на ДПМНЕ подготвува закон кој претставува директна закана за животите на македонските граѓани, велат од Левица.

„Со новиот Закон за рударство освен што е предвидено да се направи пустош на Македонија, тој предвидува и доколку под вашите домови се откријат минерални суровини, државата да има право да ве исели за да обезбеди простор за отворање на рудници.

Ова претставува невидено понижување и потценување на сопствениот народ! Наместо да се заштитат граѓаните, нивните домови и нивното здравје, државата се става во служба на профитот на странските корпорации. Македонија се претвора во рударска колонија, каде интересите на народот се подредуваат под интересите на големите, мултинационалните компании.

Законот е кроен исклучиво во интерес на корпорациите, а не на народот. Наместо да се стави крај на штетните и опасни рударски проекти, државата го легализира нивното ширење! вој Закон не смее да помине, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он