Левица: Изјавите на амбасадорката Агелер го нарушуваат суверенитетот и претставуваат мешање во внатрешните работи на државата

Од:

Третирањето на Македонија како субјект поданички подреден на западниот неоимперијализам предводен од САД, домашните политички вазали го позиционираа како норма на поведение. Неретко слушаме како амбасадорите на некои од земјите членки на ЕУ, а најчесто на т.н. „стратешки партнер“ ја злоупотребуваат својата моќ и влијание и излегувајки надвор од ингеренциите за кои се ополномоштени и акредитирани и грубо се вмешуваат во внатрешните работи на земјава, велат од Левица.

– Влијанието кое го вршат врз политичките одлуки, најчесто, се прави преку повикување на интеграционите процеси или некакви вредности и доаѓаат во фаза на наложување како државата да се однесува по одредени внатрешни и, речиси, севкупни надворешни прашања и интереси.

Вазалската подреденост на СДСМ ги сруши државните позиции по клучните национални прашања и стратешки интереси. За жал, новата власт предводена од ДПМНЕ продолжува да води идентична вазалска политика како нејзините претходници. Изминативе денови имавме прилика да слушнеме неколку изјави на Амбасадорката на САД кои ги нарушуваат националните интереси и позици на државата и на македонскиот народ, но истите не само што не наидоа на соодветна реакција од државната власт и беа игнорирани, туку и добија дополнителен легитимитет со тоа што новите функционери, наместо најавеното „фаќање“ за работа, го „фатија“ патот право во Амбасадата на САД!

Амбасадорите на ниту една земја не смеат да даваат насоки ниту јавно, ниту позади затворени врати, за тоа какви решенија треба да донесуваат нејзините министри или пратеници. Давањето изрични изјави во форма на наредба (па дури и закана), за државните политики е директно вмешување во внатрешните работи. Во една демократска земја, власта суверенитетот го влече од народот, не од странските амбасади!

Ваквиот колонијален менталитет што наѕира уште во првите денови од управувањето со државниот апарат, покажува дека Владата нема да ги спроведува политиките за кои беше избрана, туку ќе ги следи насоките од одредени амбасади што од демократска, нè прави амбасадократска држава.

Освен ова, конкретните изјави на амбасадорката на САД Агелер, не само што го нарушуваат суверенитетот како еден од столбовите на демократскиот поредок во државата, туку и претставуваат директно поткопување на македонските национални интереси, особено ако се земе предвид дека се однесуваат на внатрешното уредување, Уставот како највисок правен акт и македонскиот идентитет.

Левица ги повикува Владата на ДПМНЕ и МНР за секоја ваква изјава да возвратат со соодветна реакција и да не дозволат ова да продолжи како пракса, без разлика за тоа амбасадор на чија земја ја има дадено истата.

Апелираме до секој акредитиран дипломатски кор во земјава да не излегува од ингеренциите предвидени со меѓународното право, да се воздржи од изјави кои го нарушуваат државниот суверенитет или претставуваат какво било мешање во внатрешните работи на Македонија, вклучувајќи ја и амбасадорката на САД – Анџела П. Агелер, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он