Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

Од:

Партијата Левица преку соопштение побара итна седница на Советот на Град Скопје, со цел одобрување субвенции на ЈП Паркови и зеленило, за да може фирмите основани од претпријатието да добијат пари.

„Работниците во друштвата основани од ЈП Паркови и зеленило Скопје – Флораком ДООЕЛ и Луна ДООЕЛ – веќе три месеци немаат земено плата. Работничките организации при овие две друштва, пред одржувањето на вонредната Седница на Советот на Град Скопје, која се одржа на 17-ти јануари, до сите координатори на советничките групи во Советот како и до Градоначалникот на Град Скопје, испратија барање за овој нивен проблем да се најде на дневниот ред на веќе закажаната 17-та седница на Советот на Град Скопје. Но, очигледно никој од буржоаските партии во Советот не беше заинтересиран за решавање на овој проблем па оваа точка не се најде на дневен ред воопшто. Поради тоа што седницата беше закажана како „вонредна“ Претседателот на Советот, проф. Трајко Славевски, не даде можност да се надополни дневниот ред“, соопшти Левица.

Од таму велат дека по седницата, нивните советници во Советот на Град Скопје, поднеле барање за свикување на вонредна седница на Советот на Град Скопје со една точка на дневен ред: Донесување на Одлука за одобрување на субвенции за потешкотии во работењето на ЈП Паркови и зеленило Скопје со намена за деблокада на сметката заради исплата на неисплатените плати.

„Според стаутот на Град Скпје, за свикување вонредна седница потребна е поддршка од најмалку 1/3 од членовите на Советот, односно согласност од најмалку 15 советници. Ова барање е доставено до сите советнички групи во Советот на Градот Скопје, да се надеваме дека советниците ќе се одважат и нема да ја попречат можноста на Советот да се расправа за проблемот на работниците во Флораком и Луна при ЈП Паркови и зеленило и да се изнајде решение во корист на работниците“, стои во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Левица: Орце вели дека снегот не може да го изненади, а ЈСП најави редуцирање на автобуси поради временски услови

Левица: Болните од хемофилија пола година без лекови заради празници и тендери

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Левица е за укинување на пржинската влада, но инсистира на една изборна единица и се фер рекламирање

Левица: Љутков со „упатство“ поништува судски пресуди за плати во културата

Горан Наумовски