Левица: Има решенија за проблемите со комбинатот „Југохром“

Од:

„Има решенија за проблемите со комбинатот Југохром, кои нема да значат труење на жителите на Тетово, а ниту ќе ги остават работниците без работа! Единствено е потребна политичка волја кај властите за решавање на овој горлив проблем!

Левица ја поддржува борбата на работниците од „Југохром“ за обезбедување егзистенција за себе и за своите семејства, но исто така Левица ја поддржува и борбата на граѓаните на Тетово и другите населени места во Македонија, за чист воздух. Само привидно овие две борби се спротивставени една на друга, бидејќи газдите на „Југохром“ успеаја во заштита на својот стремеж за што повисок профит да ги впрегнат работниците, кои се борат за гола егзистенција.

Левица ги нуди овие две опции за решавање на проблемот:

1) Ако власта е подготвена да ги чека (до недоглед?) газдите на „Југохром“ да ги исполнат еколошките стандарди за производство, тогаш на работниците кои останале без работа поради неработење на фабриката да им обезбеди паричен надомест за периодот до рестартирањето на фабриката.

2) Ако газдите на „Југохром“ упорно одбиваат да се потчинат на еколошките стандарди за производство, со изговор дека тоа било нерентабилно, во исполнувањето на еколошките стандарди на фабриката да инвестира државата, а тоа да се компензира преку соодветен сопственички удел на државата во фабриката.

Доста беше злоупотребата на работничките маки од газдите со цел зголемување на профитот! Доста беше спротивставувањето на едни граѓани со други! Решенија има и тие мора да се применат“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он