Левица: Иако имале информации за дестабилизација – властите тотално потфрлија

Од:

Властите имаа цели 5 месеца да ја превенираат ,,најавуваната од Мицкоски” дестабилизација, а тотално потфрлија! Крајно скандалозни се изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и неспособниот министер за внатрешни работи, Панче Тошкоски, коишто при вчерашниот тотален хаос, беззаконие и безредие при прославата на ,,албанското знаме”, упатија честитки и задоволство од наводното професионално, соодветно, навремено и државничко постапување на Полицијата! Денешните изјави на министерот Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски дека при синоќешните нереди полицијата „постапила професионално, соодветно, навремено и државнички“, се врв на цинизмот и навреда за македонскиот народ, велат од Левица.

„Како може да се нарече „професионално“ тоа што полицијата не презеде никаква акција додека вооружени лица во центарот на градот пукаа со огнени оружја?! Како може да биде „државнички“ кога полицијата немо стоеше додека македонските национални симболи беа газени, палени, понижувани, демонстративно уништувани?! Омраза се ширеше неконтролирано, без никакви обиди за спречување на ескалацијата!

Вчера, низ улиците на македонските градови, македонските граѓани беа оставени сами на себе – загрозена им беше безбедноста, се блокираа улици, се промовираше насилство и омраза. Факт е дека Полицијата раководена од Тошковски, на вчерашните настани беше само декор и одби да постапи согласно своите должности и надлежности за превенција и зачувување на јавниот ред и мир. За да биде иронијата поголема, Панче чекал снимки од граѓани за да знае каде да праќа полиција!

Оттука, им укажуваме на Мицкоски и Тошковски дека нивната сервилност кон коалициониот партнер ВРЕДИ, коишто беа организатори на повеќе провокаторни настани ширум државата, е она што ќе го прелее трпението на македонските граѓани. Според информациите, коишто ги изнесоа медиумите, биле пријавени повеќе од 750 инциденти, но приведени се само осум лица.

Македонскиот народ и Левица бараат неселективна правда, достоинство, безбедна држава, а не влада која толерира хаос и ја потценува интелегенцијата на граѓаните на сметка на коалициониот мир, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира