Левица е против промена на уставното име

Од:

„Политичката партија Левица го осудува недостоинственото однесување на актуелниот премиер Зоран Заев и полтронскиот однос на владејачката коалиција предводена од СДСМ со прифаќање на името „Република Илинденска Македонија“ за севкупна употреба.

Левица се залага за итен и безусловен прекин на преговорите за името и отпочнување на меѓународно-правна процедура, преку Генералното собрание на Обединетите нации, за полноправно членство на Македонија под нејзиното уставно име.

Во нашата историја познати се многу дипломатски гафови: намигнување, признавање на држава која не постои, врачување на акредитиви на претседател што цел свет го бојкотира – но, неодамнешниот, со предлог-придавката „Илинденска“ е меѓу подобрите гафови што долго ќе се паметат и прераскажуваат.

Наместо решавање на критичните проблеми – сиромаштијата, здравството, образованието и судството – јавното мислење, преку аматерски и избрзани изјави на нашите самонаречени лидери, се штима да прифати губитнички позиции за името на Републиката.

Левица е за постигнување на сериозен билатерален inter partes договор со Грција, врз основа на почитување на правото на самоопределување! Во случај на иден референдум на државно ниво, Левица ќе ја предводи кампањата против промена на името“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: Кој „не ги виде“ машините во изворот што ја снабдува Струга со вода?

Горан Наумовски

Левица: Со новиот закон за високо образование професори ќе можат да станат само децата на богатите

А1он

Левица: Претседателката Давкова да не го потпишува новиот закон за легализација на дивоградби

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Исмаил: Наместо за работниците, парите одат во профит

Левица: Владата на ДПМНЕ го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Горан Наумовски