Левица: Државата месец дена без Народен правобранител за Вреди да инсталира партиски неподобен кадар

Од:

Македонија месец дена е без Народен правобранител откако на 12 јули истече мандатот на Насер Зибери заради пензионирање. Собранието наместо согласно Законот да распише јавен оглас три месеци пред престанокот на мандатот на претходниот правобранител, го распиша огласот на 16 јули. За нов Народен правобранител сега ДПМНЕ и Вреди го предлагаат Фатон Сељами, партиски кадар на Алтернатива, член на Централниот комитет на партијата и актуелен советник во Советот на Општина Тетово, чија функција директно е неспоива со функцијата Народен правобранител, согласно законската одредба дека кандидатот мора да биде непартиски и да не врши друга јавна функција. Очигледно, ВРЕДИ и ДПМНЕ кубуреле во обидот да пронајдат соодветен послушник, повторувајќи ја матрицата на нивните претходници од СДСМ и ДУИ – пазарење клучна институција за ситнопартиски коалициски интереси, наместо заштита на граѓаните од злоупотребите на власта, велат од Левица.

„Кариерата и компетенциите на предложениот кадар не гарантираат ниту стручност, ниту интегритет што оваа функција го подразбира: дипломирал на Правниот факултет во Тетово со просек 7.71, магистрирал на Штулов универзитет со 6.90, а искуството, освен неколку семинари, се сведува на партиски унапредувања во рамки на Министерството за правда во времето на СДСМ/ДУИ. Дополнително, неговите социјални мрежи се преполни со отворено партиски и иредентистички објави, што сосема го дисквалификува како непристрасен заштитник на уставниот поредок и интересите на сите граѓани.

Со ваков избор власта, предводена од ДПМНЕ и ВРЕДИ, продолжува да ја девалвира институцијата Народен правобранител, претворајќи ја од бранител на народот во алатка за партиски и етнополитички интереси.

Левица ќе гласа против изборот на ваков кандидат затоа што овој чин претставува уште еден удар врз уставниот поредок и обид за партиска окупација на институцијата која по дефиниција треба да го штити народот од моќта на власта, а не да биде нејзин послушен слуга, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Од „Рекет“ до уставен судија, вчера компромитирана, денес „истакнат правник“ во режија на ДПМНЕ

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

Левица: Ѓорѓиевски и Цветковски преку фондација „Скопје – европска престолнина на културата“ го претвараат во приватен проект

Горан Наумовски

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Левица: Мицкоски ветуваше економска стабилност, а сега позајмува од М-НАВ и МЕПСО