Левица: Државата функционира со дотраени пожарникарски возила додека пратениците делат 750.000 евра за патни трошоци

Од:

Огромните пожари кои секојдневно горат на цела територија на државата ја демонстрираа целосната нефункционалност на институциите. Застарените возила стари 40 години, недоволниот број на стручен кадар и неинвестирањето во современа опрема го отежнува гаснењето на пожарите, по примерот на Скопска Црна Гора, каде што пожарот продолжи да гори и во текот на ноќта, велат од Левица.

„Меѓу другото, тројно е зголемен бројот на пожари во изминатите три месеци во однос на минатата година, додека нема никакви информации од надлежните органи за осомничени сторители и покренати кривични пријави! Граѓаните обвинуваат дека интензивно се пали трска заради ослободување простор за приватни плажи, дека се подметнуваат пожари од страна на шумската мафија, а од министерот Спасовски добиваме само молк и апели да не се палат пожари“, се вели во соопштението.

Наместо сериозни инвестиции и модернизација на клучните државни сегменти за справување со кризи, велат од Левица, парламентарните бизнис-партии пред два дена одделија износ од 750.000 евра за службени патувања, односно обичните граѓани дневно ќе плаќаат речиси 700 евра само за луксузните патувања на функционерите.

„Ваквите корумпирани и криминални политики на сите досегашни партии на власт резултираа со немање базичен систем за заштита на безбедноста на граѓаните, при што и мали природни непогоди резултираат со огромни последици, некогаш дури и со човечки животи“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“