Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Од:

По реакциите и објавите на Левица, веќе е кристално јасно зошто предметите поврзани со функционери на ДПМНЕ во Државната комисија за спречување на корупцијата упорно остануваат без исход, не завршуваат со санкции и најчесто се прогласуваат за „ненадлежни“, се затвораат со паушални и формални заклучоци или заглавуваат во фиоки. Денес објавуваме брутален сегмент од серијалот што ја разоткрива пошироката корупциско-октоподска шема на релација ДПМНЕ – Цвета Ристовска, велат од Левица.

– Левица вчера објави дека членката на ДКСК, Цвета Ристовска, свесно и намерно, иако законски била должна, од анкетниот лист ги изоставила фирмите на своите синови. Станува збор за две активни компании, БУСТ МЕДИА ДООЕЛ и БУСТ ДООЕЛ увоз-извоз, формално регистрирани за „маркетинг“. Тие во ниту еден момент не се пријавени во анкетниот лист на антикорупционерката Ристовска, документ кој треба да гарантира целосна транспарентност токму кај оние што одлучуваат за корупција, санкции и одговорност.

Причината зошто овие фирми биле скриени од анкетниот лист станува повеќе од јасна кога ќе се погледнат финансиските текови. Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска директно од партиската каса на ДПМНЕ инкасирала над 2.200.105 денари!

Сликата за оваа мрежа станува уште поалармантна ако се има предвид дека токму финансиските извештаи на политичките партии за изборните циклуси се доставуваат и до ДКСК, која треба да утврдува неправилности и сомнителни трансакции. Со други зборови, Цвета Ристовска, која претходно ги прикрила фирмите на своите синови, треба да проверува дали милионските приливи од партиската каса на ДПМНЕ кон фирма на нејзиното најблиско семејство се законски и коректни!

Воопшто не треба да нè изненадува што истата таа Цвета Ристовска не се иззема ниту во постапката за одлучување по дипломата на директорот на АНБ, Бојан Христовски, стекната на универзитет каде таа самата била ангажирана како предавач. Неизземањето очигледно ѝ е воспоставена пракса, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира