Левица: ДПМНЕ продолжува со непотизам – Љутков ја вработи сестра му во Велешкиот музеј

Од:

Пред извесно време, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, изјави дека сите институции од културата имаат проблем со стручен кадар и дека се прави функционална анализа за тоа што е најпотребно од кадар, а наспроти тоа – неодамна, без јавен оглас, си ја вработил својата сестра, Станка Љуткова, директно во ЛУ Музеј – Велес, велат од Левица.

„Културата во Македонија го допира дното, а со овој и ред други примери, Владата на ДПМНЕ – ВРЕДИ – ЗНАМ докажува дека по примерот на СДС и ДУИ продолжува со непотизмот не само во културата, туку и во сите сфери на општественото живеење.

Оттука, Левица прашува дали направената функционална анализа за стручен кадар подразбира вработување на блиски членови од семејство и партиски членови?

Културните иституции немаат кадар, вработени секојдневно се пензионираат, а не се вработуваат нови соодветни кадри на нивно место. Буџетите се мизерни, зградите на музеите, театрите и останатите културни установи се распаѓаат, грижата за културното наследство е на најдолно ниво, додека уметниците се финансираат со трошки.

Левица апелира да се вработуваат кадри според квалитет, а не по партиска книшка и роднински врски! Македонската култура е одраз на македонскиот национален идентитет, а ваквото дејствување на новата Влада ги загрозува сè повеќе! Во културните установи се потребни профилирани и докажани кадри, како во стручните, така и во редот на административно – техничките служби“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Со новиот закон за високо образование професори ќе можат да станат само децата на богатите

А1он

Левица: Претседателката Давкова да не го потпишува новиот закон за легализација на дивоградби

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Исмаил: Наместо за работниците, парите одат во профит

Левица: Владата на ДПМНЕ го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Горан Наумовски

Мојсоска: Министре Алиу, болните од хемофилија чекаат на вашата милост да распишете тендер за лек

А1он