Левица: ДПМНЕ направи кворум за амнестија на криминалот

Од:

Широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ, со европско знаменце, ги амнестираше криминалите на своите политичари и функционери преку драстично намалување на казните за наместени тендери, злоупотреба на овластувањата и за злосторничко здружување велат од Левица.

– На вчерашната собраниска седница, скандалозно и бесрамно, како од моделите на најмрачните режими, се изгласаа контроверзните измени во Кривичниот законик со кои политичката елита од големите партии се амнестираше од криминалот! Собраниската опозиција, сочинета единствено од пратениците од Левица, одби да земе учество во озаконувањето на високата корупција. Блокот на партии од елитата ДПМНЕ-СДС-ДУИ, како и пред наметнатите уставни измени од т.н. Преспански договор, повторно го менува Кривичниот законик како политички договор кој највеќе и одговара на оваа широка коалиција – првично, за заштита на корумпираните партиски раководства, а потоа и за повторен обид за наметнување на уставните измени за бугаризација на Република Македонија. Левица останува единствената автентична парламентарна партија која го брани народниот интерес во парламентот и ветува дека по следните парламентарни избори, повторно ќе ја заостри казнената политика и ќе го дуплира рокот за застарување на криминалите на вечната коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он