Левица: Договорот со УПОЗ е класичен предизборен поткуп и уцена од СДСМ

Од:

Тоа што Владата го обелодени преку министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски дека е „постигнат“ грански колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ, не само што е класичен предизборен поткуп, туку и сериозен системски директен притисок и уцена од страна на владејачката партија СДСМ кон работниците од државната администрација, соопшти партијата Левица, денес.

Повеќе од очигледно, сметаат од Левица, е дека во овој случај е направена најгруба злоупотреба на учеството во власта со дополнителна партизација на државната администрација, и тоа на директна штета и товар на граѓаните.

„Впрочем, на овој начин сите владејачки партии до сега и си ја одржуваат „поддршката“ на избори. Имено, користејки го буџетот на државата, злоупотребуваќи ги нејзините институции, како и искористувајќи ја општата социјална состојба на работниците вршат уцена и притисок до вработените од државната администрација, претворајќи ги во партиски војници и стадо гласачи на избори. Преку оваа практика на владејачките партии сме доведени во состојба каде државната администрација, квантитативно е предимензионирана, а дополнително секоја партија на власт вработува непотребно нови партиски кадри. За квалитетот на вработените пак доволно говори фактот што тие, како што признава и самиот министер Манчевски, земаат плата додека седат дома“, стои во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Унапредувањето на Фетаи е навреда за секој што чесно работи

Левица: Обвинетиот Марковски ја напушти државата со амин од правосудството

Левица: Од „Рекет“ до уставен судија, вчера компромитирана, денес „истакнат правник“ во режија на ДПМНЕ

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

Левица: Ѓорѓиевски и Цветковски преку фондација „Скопје – европска престолнина на културата“ го претвараат во приватен проект

Горан Наумовски