Левица: Додека народот мисли како да преживее, владиниот врв се гоштева на грбот на граѓаните

Од:

Додека платите на работниците не стигаат ниту за покривање на сметките за струја – владиниот врв се гоштева на грбот на граѓаните! Имено, Службата за општи и заеднички работи на Владата, склучи милионски договори за полнење на стомаците на владините функционери со скапи деликатеси. Наместо веднаш да го прифати предлогот на ССМ за минимална плата од 500 евра, владејачката коалиција ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ избра да троши народни пари на егзотични овошја и храна која е недостижна за обичниот работник: папаја, аспарагус, манго, ананас, авокадо, леб од по 100 до 440 денари и многу друго, велат од Левица.

„Во исто време, трошоците за живот вртоглаво растат – синдикалната кошничка за јануари 2025 година е зголемена за 6.089 денари, а храната поскапена за 10,43%. Власта наместо да ги штити работниците, без срам ја покажува својата вистинска политика – привилегии за богатите, беда за народот. Тоа се покажува и со нивните скапи патувања без никаков придонес за државата, бизнис класи, приватни авиони, најавите за купување на нов владин авион, дрското одбивање на предлогот за кратење на патните трошоци.

Левица остро се спротивставува на оваа неодговорна и понижувачка политика. Ако Владата не го прифати предлогот на ССМ, Левица ќе поднесе законско решение за зголемување на минималната плата. Ова не е економска криза – ова е класна војна, во која власта свесно го гази народот за да ги нахрани своите олигарси. Додека работниците одвај преживуваат со мизерни плати, нивните пари се трошат на гурмански луксузи за владините паразити. Или Владата веднаш ќе го прифати зголемувањето на минималната плата, или ќе се соочи со отпор што нема да може да го игнорира, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица