Протест на Левица за поддршка на работничка отпуштена од Веро за време на боледување

Од:

Политичката партија Левица денеска, во 12 часот ќе организира протест пред маркетот Веро 5 – Скопје, во близина на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) и поликлиниката Идадија. Повод за протестот ќе биде отпуштањето на работничка од страна на Веро за време на користењето боледување од нејзина страна.

„Со месеци наназад, Левица нуди правна помош на работниците чии работнички права се прекршени. Во процесот, бевме сведоци на недостатокот на моќ и волја на надлежните институции да се справат со проблемите кои ние ги пријавуваме, па отсега сме приморани на порадикален начин да бараме овие закони да се почитуваат. Нивната намена не е само да постојат на хартија – за нив работниците макотрпно се избориле, за да уживаат барем малку слобода, дури газдите го цедат и последниот денар профит од нив.

Работничките права мора да се почитуваат. Законот забранува отпуштање работници за време на одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство, нега на член на семејството и неплатено родителско отсуство. Законот налага отказот да биде врачен во писмена форма за да може работникот да поднесе приговор и потоа да поведе судски спор против одлуката на работодавачот.

Газдите си дозволуваат да не ги почитуваат правата на своите вработени. А кога работниците не им се послушни до максимална мера, веднаш посегаат по отпуштањето. Пред таквото однесување на газдите не смее да се замижува. Левица цврсто застанува во одбрана на работничките права и нема да дозволи да се прекршуваат во практиката. Така било досега, така ќе биде и отсега“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он