Левица: Деловникот на СДС-ДПМНЕ-ДУИ ја озаконува неуставната двојазичност и води кон дводомен парламент

Од:

Крајно штетниот Деловник, кој го изгласа здружената коалиција на СДС-ДУИ-ДПМНЕ, освен што ќе нанесе долгорочни последици врз демократските процеси (каде се лимитира учеството на опозицијата и се прошируваат ингиренциите на Спикерот) – истиот ја легализира неуставната и насилнички воведена двојазичност на Собранието велат од Левица.

– Како што во минатото многу пати алармираа пратениците на Левица, нелегитимно избраниот спикер Џафери воведе неуставна пракса во Собранието, каде сите пратеници добиваат двојазични материјали. Ова насилничко однесување се коси со амандманот V од Уставот на Република Македонија и ваквата опасна иредентистичка тенденција води кон дводомен Парламент, со кој целосно ќе се сруши суверенитетот на Републиката. Дури и пратеничката Гордана Силјаноска – Давкова алармираше дека воведувањето на двојазичност во Собранието е неуставно и најверојатно поради тоа, единствено таа не гласаше за новиот Деловник. Колаборативното однесување на ДПМНЕ во ваквите погубни антимакедонски процеси воопшто не изненадува, со оглед на фактот што истите ја одобрија неуставната двојазичност на униформите, а единствено Левица ги оспори пред Уставниот суд. Манипулативното и лицемерно однесување на лажната опозиција, која кокетира со великоалбанските идеи, повторно дојде до израз. Иако ДПМНЕ во минатото тврдеа дека т.н. Закон за двојазичност е неуставен и истиот носи ризици кои можат да предизвикаат далекусежни последици, тие повторно ретерираа од своите позиции и беа учесници во уште едно национално предавство, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да ја забрани Надзорната расправа за Кочани, обвини Левица

Левица поднесе интерпелација за републичкиот јавен обвинител Коцевски

Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП за туѓи војни, додека народот е во борба за преживување

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност со цел да ги заташкате работите

Левица: Автокамп-дивоградба во Ресен узурпира државно земјиште и незаконски наплаќа од граѓани

МВР ги демантира тврдењата на Левица за испитниот центар во Битола