Левица: Дали партиски инсталации во ДБКИ се шверцуваат во Мисијата на НАТО во Брисел спротивно на закон?

Од:

Јавно го прашуваме премиерот Мицкоски дали е запознаен со интерениот оглас за работно место „Помлад соработник за дисеминација на НАТО/ЕУ класифицирани информации“ (ниво В4) во Брисел, кој го има распишано Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ)? Дали е точно дека Комисијата за избор на овој оглас, свесно и со намера ги прекршила Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација, само за да му овозможи корист на Сашо Штергиски, актуелен Раководител на сектор во ДБКИ и близок соработник на Васко Станкоски (заменик директор на Дирекцијата, поврзан со пратеникот во Собранието од редовите на владејачката партија, Ѓоргија Сајкоски), тврдат од Левица.

„Распиишан е Интерен оглас за работно место „Помлад соработник за дисеминација на НАТО/ЕУ класифицирани информации“ (ниво В4) во Брисел. Наместо да биде избран соодветен кадар, Комисијата во состав: Влатко Михајлов, Дарко Цветковски, Цветанка Трпкова Сиљановски, Бојан Грујиќ и Марија Мариќ, спротивно на Закон, го избира Сашо Штергиски, кој е Раководител на сектор (ниво Б2).

Согласно член 30 став 4 од Законот за административни службеници, мобилноста е можна само хоризонтално, на исто ниво. Не може Раководител на сектор (Б2) да биде распореден на место Помлад соработник (В4), што е дури 6 нивоа пониско.
Додека пак во Систематизацијата на ДБКИ (акти бр. 01-98/1 и 01-413/1), во одделението во Брисел воопшто не постои систематизирано работно место за Раководител на сектор, туку само за Помлад соработник.

Дали извршната власт, по секоја цена сака да го награди Сашо Штергиски со лукративна позиција во Брисел, макар и со кршење на законите?! Со ова незаконско дејствие на ДБКИ, на другите вработени кои реално ги исполнуваат условите за „Помлад соработник“ им е одземено правото на објективна, непристрасна селекција и напредување. Ги повикуваме Владата заедно со Министерство за јавна администрација доколку не стојат зад ваквите незаконски дејствија, да побараат одговорност од Комисијата за избор. За сето ова поседуваме и материјални докази кои ќе ги доставиме до надлежните институции, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира