Левица: Да се национализира имотот на Камчев

Од:

„Без нималку да се релативизира тежината на скандалозниот случај „Рекет“ и без да се даде ни ронка апологија на СДСМ и СЈО, Орце Камчев како политичка и бизнис фигура не може да се апсолвира од неговите криминали, и за време на претходната власт, и за време на актуелната.

Прогласен од списанието „Форбс” во 2016 година за најбогат Македонец, Камчев е превртлива политичка фигура која игра со сите партии во име на својот енормен капитал. Богатството што го има направено од приватизацијата со помош на татко му, од потта на работниците во многубројните компании што тој ги поседува и од неговите криминални активности, најмалку му припаѓа нему.

Дополнително, зарем можеме ли да започнеме да зборуваме за демократија додека 0,1% олигарси како Камчев заедно поседуваат повеќе од 99,9% од народот во Републиката, кои едвај крпат крај со крај? Ова општество е политички и економски неинклузивно и ја игнорира волјата на мнозинството, а поинакво не може ни да биде додека индивидуи како Камчев имаат толкава економска моќ, а следствено на тоа, и политичка моќ. Да се лажеме дека народот политички тежи барем приближно исто колку што тежат Камчев и компанија е да се правиме слепи при очи“, соопштуваат од Левица.

„И зарем на Камчев може да му се довери толкава одговорност за да управува со толкава економска моќ? Рекетираниот, пред да плати огромни суми на Тредичи, ја смени својата долгогодишна благонаклонетост кон ДПМНЕ и отворено го поддржа Преспанскиот Договор. Да е неговиот личен кредибилитет уште подискутабилен, ова не е првиот пат кога Камчев го има променето својот „дрес“, кој во 1998 година беше кандидат за претеник токму на СДСМ!

Камчев, како претставник на крупниот капитал во државата, нема морал и нема интегритет. Тој игра онака како што во моментот е најпрофитабилно. Можеме до бескрај да филозофираме за тоа дали е возможно кој било олигарх да има барем нешто свето и да гледа малку подалеку од растот на својот капитал, но очигледно е дека Камчев не е ни блиску да влезе во категоријата на еден имагинарен и фин олигарх. Напротив, тој е најеклатантен пример за тоа колку ниско може еден човек да падне!

Единствениот разумен потег кој е од интерес на народот е конфискација и национализација на сиот имот на Камчев! Сѐ што тој поседува мора да се врати кај народот, а Камчев да се затвори заедно со оние кои го рекетираат! Да ние работиме за трошки, а десет олигарси да ни ја диктираат политиката во државата и меѓусебно да се рекетираат со милионски суми украдени од нашата пот е неприфатливо. Во оваа држава мораат да одговараат сите кои 28 години нѐ крадат и понижуваат, без разлика дали доаѓаат од ДПМНЕ или СДСМ, а прв на таа листа е најбогатиот Македонец, Камчев!“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Од тука тргнуваме, тргнуваме за да не застанеме и да ги истераме како црв од јаболко

Левица: Бугари во Устав е предавство, на денешен ден започна бугарската фашистичка окупација на Македонија

Левица: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”

Левица со слоганот ,,Неподмитливите во Собранието” ќе настапи на Парламентарните избори

Левица: Тревниците неискосени, општината претворена во змијарник, а Тимчо го нема

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите