Левица: Брутално скратен буџетот за лицата со ретки болести – државата штеди на живот

Од:

Во време кога бројот на пациенти со ретки болести континуирано се зголемува, пристигнаа информации дека Буџетот за Програмата за ретки болести е драстично скратен што претставува свесна политичка одлука со фатални последици! Средствата кои во 2025 година изнесуваа 24 милиони евра, за 2026 година се планирани на само 17,5 милиони евра, што значи намалување од 6,5 милиони евра, директно на грбот на најранливите граѓани. Ова кратење доаѓа во услови кога пациентите со ретки болести и со досегашниот оскуден буџет едвај ги покриваа основните потреби, а поради лошо планирање и нефункционални тендерски постапки, честопати остануваа и без терапија! Наместо подобрување на системот и обезбедување континуитет во лекувањето, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ избира да го скрати и она малку што постоеше, тврдат од Левица.

„Од лицата кои живеат со ретки болести, дел се и лица со посебни потреби, со трајни инвалидитети, намалена или целосно изгубена работна способност и целосна зависност од континуирана и исклучително скапа терапија. За нив, лекот не е привилегија, туку услов за преживување. Секој прекин во терапијата значи директно влошување на здравствената состојба, продлабочување на инвалидитетот и реален ризик по животот.

Намалувањето на буџетот значи дека сѐ помал број пациенти ќе добијат терапија, a тие што ќе добијат ќе се соочуваат со повремени прекини на лекувањето во текот на годината и дополнително осиромашување на семејствата кои веќе живеат на работ на егзистенцијата.

Министерот за здравство, Азир Алиу, дипломиран електроинженер делегиран од Алијанса за Албанците, со своето досегашно постапување покажува опасна комбинација на арогантна амбиција и сериозна неспособност да го заштити најранливиот дел од населението. Од јуни 2025 наместо да ги решава наталожените проблеми во здравството, тој ја продолжува праксата на неговите претходници и се коцка со здравјето на граѓаните.

Владата предводена од Мицкоски носи директна политичка одговорност за оваа одлука. Оваа власт не штеди на аспарагус и манго, туку на лекови, терапии и животи! Намалувањето на буџетот за ретки болести е јасна порака дека во приоритетите на оваа Влада нема место за болните, инвалидизираните и социјално најранливите.

Здравството не смее да биде лабораторија за партиски експерименти, а човечките животи не смеат да зависат од ребаланси, тендери и политички калкулации, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Левица бара укинување на Регулаторната комисија за енергетика

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Левица: Орце вели дека снегот не може да го изненади, а ЈСП најави редуцирање на автобуси поради временски услови

Левица: Болните од хемофилија пола година без лекови заради празници и тендери

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Левица е за укинување на пржинската влада, но инсистира на една изборна единица и се фер рекламирање