Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Од:

Левица поднесе амандмани кон Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик предложен од пратеници од ДПМНЕ, насочени кон заострување на казнената политика за делата за злоупотреба на службената положба и овластувања и за несовесно работење во службата.

– Иако ДПМНЕ овие измени сака да ги претстави како санација на штетните измени на Кривичниот законик од 2023 за кои тие обезбедија кворум и врз основа на кои измени застареа над 80 предмети и се амнестираа нивни функционери – фактички, малициозно, манипулативно тие ја ублажуваат казнената политика и го олабавуваат обемот од претходниот Кривичен законик.
Дополнително, како што укажавме и претходно, со предложениот текст од ДПМНЕ, се создава правна рамка што овозможува побрзо застарување, поблаги санкции и реална можност за условни казни за најтешките форми на корупција.

Поднесените амандмани од Левица се во насока на укажувањата на Уставниот суд и потребата од заострување на казнената политика за кривичните дела сторени од страна на службени и одговорни лица кои вршат јавни функции, имајќи предвид дека искуството ни покажува дека истите често се склони кон злоупотреби за време на вршење на својот мандат.

Имено, наместо предложената екстензивна одредба која намерно предвидува дупки во злоупотребата на службената положба при вршењето на јавни набавки, Левица предложи зголемување на казната и враќање на старата одредба која едноставно го опфаќа секој елемент од злоупотребата при овој процес, а предложи и прибавената имотна корист при злоупотребите на позицијата да биде одземена.

За делото „Несовесно работење во службата“, покрај заострувањето на казните, Левица амандмански предложи и министрите, директорите, односно службените лица од органите на државната управа да одговараат, што не е предвидено во измените предложени од пратениците од ДПМНЕ. Кон ова, во амандманот се предлага казнување и доколку делото е сторено од небрежност, велат од партијата.

Левица го потсетува владејачкото мнозинство дека јавноста е крајно огорчена и дека високата корупција и криминал на носителите на јавни функции не може повеќе да останат без вистински одговор. Секое одложување или попуштање, само ја продлабочува недовербата во правниот систем и ја легитимира злоупотребата на службената положба.
Оттука, ги повикуваме пратениците на утрешната комисиска седница да ги поддржат амандманите на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Со демантот за октоподот, ДКСК индиректно призна дека работи за власта

(ВИДЕО) Мециновиќ до Божиновска: Колкав е долгот на ЕСМ и дали се подготвувате да го приватизирате?

(ВИДЕО) Мојсоска: Доцни лек за хемофилија повеќе од шест месеци – кој ќе ја сноси одговорноста за нарушеното здравје на овие лица?

Во Антикорупциска има мрежа преку Цвета Ристовска за контрола на предмети за ВМРО-ДПМНЕ, тврди Левица

Левица: Државна лотарија како мегафон на власта – јавните пари се користат за дворски трубадури

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ