Левица: Ангелов преку видео секојдневно ни ја претставува сопствената некадарност за справување со кризи

Од:

Дериватот од Владата на Заев во Владата на Мицкоски, Стојанче Ангелов, го гледаме на разноразни „пеколни“ авантури, како снима очајни видеа за беден ,,ПР”, додека нема обезбедено никакви минимални услови за справување со кризи. Ова уште еднаш потврдува каква штета трпат народот и Републиката заради системската негрижа на СДСМ и ДПМНЕ од една страна и назначувањето на функционери како политички ,,дил” од друга страна, велат од Левица.

„Можеби, за 5 години директорување, Стојанче нема издејствувано да се обезбеди соодветна опрема за пожарникарите, противпожарни возила, ер трактори, пилоти, систем за превенција од пожари, лоцирано критични точки и во соработка со другите институции обезбедено стража во кризните поддрачја, но затоа ЦУК има совршено лош ,,ПР” од каде преку видео записи, секојдневно ни ја претставува сопствената некадарност за справување со кризи!

Дополнително, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) со години е тотално нефункционална, а Владата најави спојување на две нефункционални и очајно се надева дека тоа ќе создаде една функционална, што е тотално несериозно! Потсетуваме дека оваа агенција има добиено неколку проекти од милионска вредност, токму за превенција и справување со пожари, за кои е очевидно како се „реализирани“.

За повеќе од еден месец во пламен е 2% од територијата на Македонија – Претседателката на Републиката не мрдна со прст, Премиерот традиционално глуми жртва на претходната власт, а директорот на ЦУК е во ролја на суперхерој по папучи што гаси пожар со гранки! Во меѓувреме не е набавено, буквално, ниту едно ново противпожарно возило. Државата претрпе огромните материјални и нематеријални штети, еколошката катастрофа, одгворност засега од никого не е побарана!

Повторно прашуваме: Дали можеше да се превенираат дел од пожарите? Колку хектари шума ќе беа спасени од огнената стихија, доколку како држава поседуваме соодветна противпожарна техника? Зошто работниците се принудени сериозно да го загрозуваат својот живот поради необезбедувањето соодветна опрема од државата? Каде се средствата од проектите за превенција од пожари? И главното прашање: Kој ќе поднесе ОДГОВОРНОСТ и како ќе биде надоместена ШТЕТАТА предизвикана заради неодговорност“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство

Баџанакот на Тошковски “победи” студент на генерација и стана доцент обвинува Левица

Мециновиќ: Мицкоски излажа за Чебрен и продолжува со приватните интереси

Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот

Левица: Од кал да е, од ДПМНЕ да е – уште една узурпација на УМС

(ВИДЕО) Мециновиќ: Буџетот за 2025 е „уличарски“ – наменет за прикривање на неспособноста на градоначалниците на ДПМНЕ

Горан Наумовски