Левица: АНБ молчи додека проповедаат верски екстремисти поврзани со Ал Каеда

Од:

Левица изразува сериозна загриженост за неодамнешниот безбедносен пропуст на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кој предизвика оправдано прашање за нивната ефикасност, велат од партијата.

„Имено, се работи за скандалозен случај со верски екстремизам, односно за оџата Ахмет Калаја, исламски свештеник, на кој во април 2023 година му бил забранет влез во Република Македонија поради безбедносни причини. Но, минатиот период, овој верски екстремист одржал проповед и говор во Албанскиот театар во Скопје. Проповедта се случила пред поголема група луѓе, на настан организиран од издавачката куќа Нур, кој ја претставува оџата Беким Халими(поврзуван со Ал Каеда). На настанот присуствувале и малолетни деца, што дополнително ја засилува загриженоста за безбедносните ризици.

Прашањето што се поставува е како е возможно ова лице, кое претходно било сметано за опасност, да влезе во земјата и да одржи јавен настап, без да биде спречено од АНБ. Овој инцидент поставува сериозни прашања за капацитетот на АНБ да се справи со ризиците и да ја заштити безбедноста на државата.

Левица бара одговор од новиот директор на АНБ – Бојан Христовски за овој сериозен безбедносен пропуст кој државата ја изложува на верски радикализам. Во време кога безбедноста на земјата треба да биде на прво место, вакви инциденти само ја нарушуваат довербата во безбедносните институции и поставуваат сериозни прашања за нивната способност да се справат со актуелните закани“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира