Левица: Албанските партии пет месеци ја блокираат Декларацијата за признавање на Палестина

Од:

На денешната седница на Собранието, пратеникот од Левица, Борислав Крмов, укажа на грубо кршење на Деловникот, парламентарната процедура и моралната рамнодушност во врска со Декларацијата за признавање на државата Палестина која пратениците од Левица ја поднесоа пред пет месеци, а истата сѐ уште не се најде на дневен ред.

„Левица има поднесено Декларација за признавање на државата Палестина уште на 8 ноември. Поминаа пет месеци, а Декларацијата останува закочена во Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, под водство на Муса Џафери“, истакна Крмов, и го повика спикерот Гаши да ја закаже седницата согласно Деловникот.

„Прво и основно, го газиме Деловникот. И второ, имаме ли ние, колеги, и посебно Вие, претседателе, имаме ли ние совест воопшто во ова Собрание? Само пред некој ден гледавме видео каде после експлозија педесет метри во воздух летаа распарчени тела на мажи, жени и деца. А ние во Собранието не можеме да отвориме ни една најобична дебата.” – потенцираше пратеникот од Левица

„И за иронијата да биде поголема, гласачкото тело на двете партии или коалиции коишто ја кочат декларацијата на Левица (ВРЕДИ и на Европскиот фронт), всушност се најголемите поддржувачи на Палестина и на палестинскиот народ” – потсети пратеникот Кемов.

„Јас уште еднаш повикувам на совест на Собранието и посебно на Вашата совест, претседателе. Повикувам на разум, повикувам да имаме ад хок координација каде што ќе разговараме за овој процес, итно да го откочиме и конечно во ова Собрание да се проговори за геноцидот во појасот Газа, којшто ни се случува пред очи!” – апелираше пратеникот.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира