Левица: Ако Мицкоски ги отфрли барањата на ССМ, ќе го достаvime предлогот до Собранието и ќе се мобилизираме за протестите

Од:

Поради живеењето во раскош и луксуз, Владата на Мицкоски не може да се поистовети со тоа како обичниот работник крпи крај со крај. Власт која троши милиони за храна и алкохол, министри кои со приватни летови одат на партиски прошетки и пратеници кои наплаќаат патни трошоци поголеми од нивната плата – не можат да разберат како работникот преживува во услови на енормно високи сметки и екстремна инфлација секој ден, велат од Левица.

-Расипничкото водење на државата од ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, донесе втора највисока инфлација во регионот од 4,9%, што е помеѓу највисока во Европа, каде просекот е 2.5%. Според ДЗС вкупниот раст на трошоците на живот споредено со 2020 е за неверојатни 44,2%. Минималната потрошувачка кошничка е недостижна за семејства со две минимални плати, што доведува до тоа сѐ повеќе луѓе да живеат во екстремна сиромаштија.

Левица уште еднаш ја повикува Владата да излезе од стегите на своите спонзори и да се соочи со фактот во каква беда живее македонскиот работник! Наместо конфронтации и политички обвинувања, Мицкоски да се поистовети со работниците и да го прифати предлогот на ССМ за 500 евра минимална плата. Во спротивно, Левица најавува спремност да го достави предлогот на ССМ до Собранието, но и да ги поддржи најавените работнички протести на кои единствено барање е достоинствен живот.

Воедно, го повикуваме владејачкото мнозинство да ги поддржи предлог-законите на пратеничката група на Левица за воведување на патни трошоци за работниците, исплаќање на плата најдоцна до петти наредниот месец, зголемување на породилното отсуство, како и намалување на цените на патарините за 50%, кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на животот на работниците.

Владата да престане да глуми медијатор помеѓу работниците и поседниците на капитал, затоа што нејзина должност е да обезбеди гарант за егзистенција и достоинствен живот за работниците, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Синдикалната минимална кошница за септември е 69.432 денари

А1он

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он