Левица: Аеродромска чаршија – ново економско јадро во Аеродром!

Од:

Левица – Аеродром го најавува проектот „Аеродромска чаршија“ – модерна пешачка зона која ќе никне покрај кејот на реката Вардар, на местото каде сега има запуштено и нефункционално зеленило кое со години не се одржува, а во летниот период се претвора во вистински змијарник.

„Со овој проект, ова запуштено подрачје ќе се претвори во уреден и живописен простор за шетање, дружење и одмор, со нова урбана опрема, клупи, осветлување, патеки и ново зеленило кое ќе му даде нов живот на овој дел.

Во состав на чаршијата ќе бидат изградени мали комерцијални објекти: уметнички атељеа, занаетчиски работилници, кафулиња, инфо-центар и бина за мини концерти на отворено, место каде што уметноста, културата и локалната економија ќе оживеат заедно!

Со проектот „Аеродромска чаршија“, создаваеме ново општинско економско јадро кое ќе стане симбол на современ, културен и зелен Аеродром по мерка на неговите жители! Аеродром оживува со Левица, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски