Во последните три месеци (јуни, јули и август) над 40 илјади граѓани излегле и влегле во државата преку граничниот премин „Делчево“ кај Делчево на границата со Бугарија, што е за шест илјади повеќе споредено со минатото лето.
Според евиденцијата на надлежните служби на трите гранични премини со Бугарија кај Крива Паланка, Делчево и струмичко Ново Село само во јуни и јули влез или излез во и од Македонија направиле 330.000 патници.
Од нив речиси една половина патувале со македонски патни исправи.