А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Летовите од Македонија кон Брисел се одвиваат нормално

by А1он23/03/2016 - 11:16150
Share0

Авиосообраќајот од Македонија кон Брисел се одвива нормално согласно утврдениот возен ред. За денеска и утре нема закажани летови кон оваа европска престолнина, а следниот лет треба да се реализира во петок преку авиокомпанијата „Визер“ на аеродромот „Шарлоа“ кој не беше цел на терористичките напади што вчера се случија во Брисел.

Добивај вести на вибер

– Авиосообраќајот на двата македонски аеродрома се одвива нормално, според редовните распореди на летање, информира прес- службата на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Оттаму истакнуваат дека во соработка со надлежните институции се преземаат сите мерки на претпазливост во рамки на меѓународните авијациски стандарди.

Досега дел од европските држави го подигнаа нивото на безбедност на нивните аеродроми.

Брисел вчера беше цел на терористички напади во кои загинаа 32 лица, а над 250 беа повредени. Цел на нападот беа аеродромот Завентем и метрото во центарот на Брисел. Одговорноста за нападите ја презеде терористичката група Исламска држава.

transport

Би можело да ве интересира

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Предраг Петровиќ19/03/2025 - 16:54

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска11/06/2023 - 12:37

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска10/06/2023 - 16:0610/06/2023 - 16:07

ВИДЕО: Петти месец хаос на Плетвар, асфалтирањето треба да заврши за две недели

Маја Илиевска-Пачемска14/10/2022 - 19:2214/10/2022 - 19:24

Казнета фирмата „Ројал Травел“ која без лиценца и без дозвола превезувала патници

Катерина Ѓуровски15/01/2022 - 18:1215/01/2022 - 18:16

„Помолете се пред да го поминете“, мостот Пресека на патот Кичево – Охрид во очајна состојба

А1он04/01/2022 - 22:5305/01/2022 - 08:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен