Специјалното јавно обвинителство влезе во „Македонски Телеком“, засега нема информации дали обвинителката Ленче Ристоска е на состанок во компанијата или пак започнат е увид во документите.
Од СЈО минатата недела потврдија дека се соочуваат со опструкции од претставниците на македонскиот државен капител во компанијата и од судот да не биде издаден налог за претрес.
Основниот суд Скопје 1 ја опструира истрагата за масовното прислушување уште од самиот нејзин почеток, поточно од 18 ноември минатата година кога СЈО официјално започна со истрагата против поранешни припадници на УБК.