ВИДЕО: Ленче Ристоска дојде без службеното возило и стручен соработник од СЈО

Од:

Обвинителката Ленче Ристоска утрово првпат се појави во судот без придружба на стручни соработници и без возило на СЈО. Таа не сакаше да даде изјава за медиумите и рече дека оди на судење.

Денеска почна рочиштето за предметот “Талир 2” на СЈО, за кое Ристоска доби овластување да го застапува од државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Во случајот „Талир 2“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски. Според обвинението, тие со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Обвинетите се сомничат дека прибавиле значителна имотна корист за партијата во износ од околу 8.2 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Продолжува препукувањето, Груевски повторно: Познато е дека големите пари Заев не ги направи со чесно копање на нива

Предраг Петровиќ

СДСМ: Никола Гревски, будимпештански пишувач на бајки

ВИДЕО: Власта и опозицијата се раскараа за екстрадицијата на Груевски на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

МВР се сомневало дека Груевски избегал со автомобилот на Ахмети, вели ВРЕДИ

ВРЕДИ: Ахмети да не се крие во Швајцарија, да дојде да каже за планот за враќање на Груевски

Катерина Ѓуровски