Лекарска комора: Здравствените работници се најважниот капитал на здравствениот систем

Од:

Лекарите и другите здравствени работници се најважниот капитал на здравствениот систем што треба да се почитува, заштити, поддржи и навремено надополнува за системот да биде во кондиција, да испорачува квалитетна здравствена заштита, истакнува Лекарската комора по повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето.

-Пандемијата предизвикана од Ковид-19 покажа дека заштитата на здравјето е од фундаментално значење за одржување на сите други системи во едно општество, поради што треба да се инвестира во сите негови сегменти, особено во здравствените работници кои се сржта на тој систем, се наведува во соопштението од Лекарската комора.

Оттаму посочуваат дека лекарите, како основни носители на здравствената дејност, очекуваат трудот кој го вложуваат да биде соодветно валоризиран, да имаат можности за професионален раст и развој и да се чувствуваат безбедно на работните места.

-За да ги задржиме лекарите во нашата земја особено е важно и да се поедностави политиката за вработување во јавното здравство. На младите лекари неопходно е да им создадеме услови за вработување веднаш по завршување на образованието коишто ќе им гарантираат пристојни приходи, но и олеснување на условите за специјализација, за што се направија некои позитивни промени, но процесот сè уште не е завршен. Реформите во примарното здравство, исто така очекуваме да имаат позитивен импакт на ова прашање, се посочува во соопштението.

Комората истакнува дека од голема важност за здравјето на пациентите, работењето на лекарите и за функционирање на системот е да престане јавениот линч и осуда на лекарите и здравствените работници без да се има аргументи за тоа.

-Лекарите посветено ги извршуваат своите работни обврски и максимално се залагаат да пружат квалитетна здравствена заштита согласно расположливите услови за работа и искрено се борат за животот на секој пациент. Загубата на пациент е тежок удар за секој лекар, што никогаш не може целосно да се надмине. Треба да се има предвид и дека медицинските состојби во одредени случаи знаат да бидат многу комплицирани, болестите да не се прикажат со типични симптоми, а одговорот кој го дава третманот да не биде како што се очекува, истакнуваат од Лекарската комора.

За да се одговори на овие предизвици, Лекарската комора го поддржува повикот на Светската здравствена организација за преземање на итна акција за регулирање на прашањето со здравствените работници и поставување на овој проблем како стратешки приоритет. Според проценките на СЗО, до 2030 година се очекува да има недостаток на 10 милиони здравствени работници ширум светот, а овој проблем особено ќе е изразен во земјите во развој.

Според податоците на Лекарската комора, согласно нивниот регистар на издадени, продолжени и обновени лиценци за работи, има 9.520 активни докторки лиценци.

Би можело да ве интересира

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

Орце Костов

Младите лекари се жалат: Сите положивме, а само неколкумина повикаа на платена пракса

Орце Костов

Нападнат лекар во Радовиш, настанот го осуди и Лекарската комора

Годинава 440 лекари положија стручен испит

Орце Костов

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

Орце Костов

Лекарска комора: Да не се создава слика дека сите лекари се манипуланти