„Лекарската комора на Македонија, како професионална асоцијација на докторите, потсетува дека за секој граѓанин важи правото на презумпција на невиност се до завршувањето на некоја постапка. Со тоа не се бега од одговорноста, туку се се бара почитување на правото и законските процедури.
Од тие причини апелираме тоа право да се почитува и за случаите во кои се инволвирани и докторите затоа што во спротивно се крши едно од унверзалните човекови права, содржано во голем број меѓународни документи и конвенции“ се вели во соопштението на Лекарската комора.