Лекарска комора: Осуда за нападот на лекар во Охрид, неопходно е итно донесување на измените на Кривичниот законик

Од:

Лекарската комора најостро реагира и го осудува инцидентот во кој пациент физички нападна лекар на работното место во Општата болница во Охрид.

Искажуваме поддршка за нападнатната колешка и благодараност до оние кои реагирале здраворазумно и спречиле поголем инцидент, велат од Лекарската комора.

„Во услови на пандемија која трае веќе речиси две години лекарите секојдневно се наоѓаат под притисок да одговорат на потребите на зголемениот број пациенти, а заканите, како и физичките и вербални напади само го отежнуваат пружањето на здравствена услуга и негативно влијаат на нејзиниот квалитет. Исто така, лекар кој се чувствува небезбедено на работното место не може да биде максимално ефикасен во извршувањето на работите обврски. Лекарите и пациенти имаат иста заедничка цел, а тоа обезбедување на квалитетна здравствена заштита, што може да се постигне преку заедничко делување и соработка“, соопшти Лекарската комора.

„Во услови на пандемија, кај нас како и пошироко во светот насилството врз здравствените работници стана понагласен проблем. Решение за овој предизвик веруваме дека може да се побара во побрзо носење на измените на Кривичниот законик. Имено, Лекарската комора подолго време лобираше и активно беше вклучена во измени на законската регулатива со кои нападот на здравствен работник на работното место ќе се смета за напад на службено лице за што јавното обвинителство ќе покренува кривична пријавата по службена должност и за што ќе има кривична одговорност. За ова да стапи на сила се направија измени на Законот за здравствена заштита кои се веќе донесени, како и измени на Кривичниот законик, кои се во собраниска процедура на носење. Апелираме пратениците во Собранието што побрзо да ги разгледаат и донесат овие законски измени, кои веруваме дека ќе испратат порака дека насилството не ги решава проблемите, туку само дополнително ги комплицира, поради што во случај на спор треба да се бараат системски решенија.

Лекарска комора останува отворена за своите членови да ги пријавуваат инцидентите со кои се соочуваат и да пружа помош и поддршка во нивното разрешување согласно нејзините надлежности“, се додава во соопштението на Лекарската комора.

Би можело да ве интересира

Лекарската комора чека решение од Таравари со точно прецизирана одговорност, потоа ќе постапува за лекарска грешка

Катерина Ѓуровски

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

A1on

Младите лекари се жалат: Сите положивме, а само неколкумина повикаа на платена пракса

A1on

Нападнат лекар во Радовиш, настанот го осуди и Лекарската комора

Годинава 440 лекари положија стручен испит

A1on