Лекарска комора: Против насилниците во здравствените установи да се презмат наjостри санкции

Од:

Лекарската комора преку соопштение апелира надлежните органи и институции да ги презмат сите мерки кои им се на располагање и најостро да ги казнат предизвикувачите на инциденти во здравстените установи.

Во последниве два дена се случиле три инциденти на вербално и физичко насилство врз здравствени работници и тоа во Градска општа болница „8 Септември” во Скопје, на Интерното одделение во Клиничката болница во Тетово и во една приватна болница во Скопје, посочуваат од Лекарската комора.

Од Лекарската комората наведуваат дека во изминатиот период иницирале повеќе средби и дебати за да му се застане на патот на насилството во здравството.

Лекарската комора ќе продолжи со активностите да се стави крај на насилството во здравството кое во последно време зема замав, затоа што состојбите стануваат алармантни. Целта е да им се овозможат нормални услови на медицинарите за вршење на нивната професија во грижата за граѓаните на кои им е потребна здравствена заштита, меѓу кои се и блиските на оние кои го предизвикуваат вербалното и физичкото насилство во здравствените установи.

Би можело да ве интересира

Лекарската комора чека решение од Таравари со точно прецизирана одговорност, потоа ќе постапува за лекарска грешка

Катерина Ѓуровски

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

A1on

Младите лекари се жалат: Сите положивме, а само неколкумина повикаа на платена пракса

A1on

Нападнат лекар во Радовиш, настанот го осуди и Лекарската комора

Годинава 440 лекари положија стручен испит

A1on