Лекарите најавуваат радикализирање, Тодоров преговара со паралелниот синдикат

Од:

Состојбите во здравствот стануваат се потензични. Наместо приближување на ставовите лекарите најавуваат радикализирање на штрајкот, а министерот наместо  на преговори со самостојниот, седна да се договара со нивниот паралелен синдикат.

Штрајкот на лекарите ќе се радикализира и од понеделник специјалистите дополнително ќе го намалат обемот на работата, соопштуваат од Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар.

 Поради игнорирањето од страна на министерството за здравство, лекарите остануваат на ставот дека наскоро протестот ќе го преселат пред зградата на Владата.
Тие на министерот му покажаа дека не се невидливи, а тоа сакаат сега и на премиерот да му го покажат.

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита , пак седна на маса  со министерот за здравство Никола Тодоров. Главна точка е проектот за исплата на платите по учинок.

Претседателот на Синдикатот, Љубиша Каранфиловски рече дека тие се единствениот репрезентативен синдикат во Македонија како гранков синдикат и дека имаат многу поголема одговорност заради преговарачката улога.

Би можело да ве интересира

Синдикатот на контрола на летање: Имаме право на штрајк

Предраг Петровиќ

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

Горан Наумовски

Грчкиот парламент денес гласа за воведување на 13-часовен работен ден

Горан Наумовски

Генерален штрајк во Грција, делумно суспендиран транспортот

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Грчките државни службеници штрајкуваат 24 часа