Лефков: Венко Филипче да каже како со плата се купува Ауди Q8 и се гради хациенда на Водно

Од:

Венко Филипче да каже како со плата се купува Ауди Q8 и се гради хациенда на Водно. Чие е Аудито со кое Венко Филипче се вози, и дали е на негово име или на некој друг, ако е на друго име, кој е тој што на Филипче му дал да вози кола од 250.000 евра и со кој мотив праша на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Дали луксузното Ауди Q8 кое го вози Филипче е награда за некој од десетиците милионски тендери и дали народот страдаше 7 години за сега Филипче да се вози во скапи џипови? Филипче да каже и како неговото семејство се стекна со хациенда на Водно и колку пари е платена истата? Филипче да каже дали добитниците на тендери во здравството морале да влегуваат во дилови со него или нему блиски? ДКСК и ЈО да отворат истраги за имотот на Филипче, но и тој кој истиот го користи, а за кој постои сомнение дека може да станува збор за скриен имот. Филипче да не се крие зад политичката позиција и да каже како се станува милионер со плата. Ова е грдото лице на СДС и ДУИ, кое никогаш не смее да се врати, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија