Лефков: Спасовски ја прикрива вистината за убиството на ракометарот Тот

Од:

Имаме информации кои создаваат сериозен сомнеж дека МВР, Спасовски и Ковачевски прикриваат убиство.Три пати во тек на едно деноноќие властите менуваат изјави, и официјални известувања рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

– КАРИЛ дава официјална изјава, дека станува збор за природна смрт на ракометарот Тот, за по реакциите на јавноста и зголеменото медиумско влијание да каже дека станува збор за смрт причинета од тепање. Ист е односот и од МВР и од Јавно обвинителство. Се менуваа изјави и гледишта. Денеска јавниот обвинител Бубевски потврдува дека сепак станува збор за убиство, причинето со претепување. Нашите информации говорат дека за убиството има најмалку десетина сведоци. Според нашите сознанија во најблиското опкружување имало полиција која не регистрирала убиство, туку природна смрт на млад човек. Оттука одговорноста на МВР и Спасовски е уште поголема, бидејќи негови екипи биле директно присутни на терен. Наместо да спречи, или во најмала рака веднаш да го расчисти случајот, МВР на Спасовски пуштила да избега убиецот. Спасовски ја прикрива вистината за убиството, ако не излезе до крајот на денот и да ја каже вистината, јасно е дека крие вели Лефков.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ