Лефков: СДС знаеле за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата

Од:

СДС знаеле за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата.СДС се виновни што Артан Груби со години ја крадел државата и влијаел врз судството. Соучесник во криминалот му бил Димитар Ковачевски, претходникот на Венко Филипче, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– И МВР под капата на СДС знаеле за криминалот на Груби. Со години немало никаква реакција од институциите под капа на СДС, затоа што раководството на таа партија сакало да остане на власт по секоја цена. И Венко Филипче знаел дека Груби е корумпиран, но не презел ништо. ВМРО-ДПМНЕ со години зборува за криминалот на Груби, но СДС дозволија тој да метастазира до невидени размери. СДС се целосно виновни за грабежот кој го приреди Груби.СДС треба јавно да го осудат Груби и Ковачевски, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Продолжен e домашниот притвор за Артан Груби

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО