Лефков: Пендаровски призна дека тој и владата и дале на Бугарија можност да не блокира на патот кон ЕУ за историски прашања секогаш кога ќе сака

Од:

И Стево Пендаровски призна дека владата на СДС и ДУИ и тој како претседател ја ставиле државата во подредена положба на Бугарија, и го врзале нашиот напредок кон ЕУ на желбата на Бугарија и нејзината интерпретација на историјата вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Пендаровски кажа дека откако историските комисија од двете држави ќе се согласат за одредена личност тоа треба да го прифатат двете влади, ако двете влади не се согласат, тогаш следува вето од Бугарија на патот на Македонија кон ЕУ. Го прашуваме Стево Пендаровски дали уште е на овој став или и тој го сменил, или треба првин да праша во СДС дали може да има уште таков став. Стево може да побара одобрување или да најде изговор или нова интерпретација, но фактот дека тој и СДС и ДУИ ја заглавија Македонија нема да се смени. Стево Пендаровски е најконфузниот политичар кој некогаш бил избран на било каква функција во Македонија. Со Стево Пендаровски имаме измеќар на СДС и ДУИ. Со право народот вели немаме држава, време е да ја вратиме, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Самиот Зоран Заев призна дека потпалувачот на пожари бил шофер кај него во општината, СДС да се извини и огради од Заев

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Лефков: Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот

Лефков ги демантира пишувањата на медиуми во Бугарија дека повеќе членови од неговото семејство поседуваат бугарски пасоши

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ