Лефков: На Македонија и треба нов договор кој ќе го отелотвори заедничкиот патриотизам

Од:

На Македонија и треба нов договор, кој ќе го отелотвори заедничкиот патриотизам. Новиот договор ќе значи враќање на надежта, напредок и принципи. Новиот општествен договор кој ќе го донесе заедничкиот патриотизам преку мобилизација на секој еден поединец надвор од партијата во насока на развој и нова иднина на земјата вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Новиот договор подразбира заеднички патриотизам, но и поединците да не седат на страна бидејќи долго време тој простор е заземен од лукративната власт за лични интереси на нејзините носители. Тие во име на тивкото мнозинство одлучуваат за сите други.Заедничкиот патриотизам не е само празна флоскула туку филозофија врз кој почива оваа втора епоха.Заедничкиот патриотизам значи и отворање на вратите на ВМРО-ДПМНЕ за сите заедници, кои веруваат рушење на границите, стереотипите и ново стратешко позиционирање кон сите останати заедници кои се дел од македонската нација.Заеднички патриотизам е да се градат училишта во исто време и во Битола и во Тетово, да се градат болници или градинки подеднакво и во Аеродром и во Чаир рече Лефков на прес конференција.

Целта на ВМРО-ДПМНЕ вели Лефков е низ една временска дистанца да се постигне стандард како во една Австрија, да дојдеме до ниво на едноцифрена невработеност, намалување на данокот на добивка и персоналниот данок на доход на 8%, данок за младите да биде 0%, а економијата по стабилизирање да има раст до 6%, да имаме еден Универзитет во првите 500 на Шангајската листа, да влеземе во првите 50 држави што се борат против корупција на Транспаренси, да станеме дел од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски