Лефков: Георгиев и Мемети, кадрите на СДС и ДУИ во правосудството се дел од правосуден октопод

Од:

Апсењето на врховниот судија Наке Георгиев за земање на мито од 10 илјади евра е само уште една потврда дека Македонија со власта на СДС и ДУИ ниту била правна држава, а уште помалку европска. Судијата кој целата своја судиска кариера и унапредување ја добива во време на владеењето на СДС, вчера беше фатен на дело како земал поткуп во замена за олеснителни околности во постапката која се води против екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

Георгиев станал судија во 1997, па бил избран за судија во Апелациониот суд во 2004, па врховен судија во 2020 година, а потоа беше контроверзно избран и за член на Судскиот совет, па потоа уште поконтроверзно се повлече, за да може неговиот син да биде избран за судија во Кривичен суд. Неговото апсење го покажа целиот сјај на бедата во која СДС и ДУИ го доведоа правосудството во Македонија. Извршен е претрес и во домот на членот на Советот на обвинители Иџет Мемети, и претрес во службените простории на Советот на јавни обвинители, по основано сомнение дека тој заедно со Наке Георгиев ја злоупотребил својата позиција и барал мито за истиот случај како и врховниот судија, во замена за олеснителни околности во судската постапка. И Мемети, како и Георгиев, тесно се поврзуваат за претходната власт, односно важи за исклучително близок за ДУИ. Својата кариера ја почнува кога оваа партија доаѓа на власт и извршува високи функции од правобранител, министер за правда, уставен судија, па до член на Советот на јавни обвинители. Ова е судски октопод. Во судскиот систем владее организирана банда која тргува со правдата и која наместо по словото на законот работи по словото на парите, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела