„Ле Матан“: Премиерот која ја вложи сета своја политичка тежина во унапредување на европскиот пат на неговата земја поднесе оставка

Од:

Премиерот на Северна Македонија, социјалдемократот Зоран Заев поднесе оставка во пресрет на вонредните парламентарни избори во април, кои беа распишани откако Европската Унија го одложи започнувањето на преговорите за членство на земјата, што беше сржта на неговата политика, наведува швајцарскиот дневен весник „Ле Матан“ на својата интернет страница.

Како што јави дописникот на МИА, весникот наведува дека одлуката на ЕУ во октомври да не започне преговори за членство со Северна Македонија и со Албанија, поради притисок на Франција, предизвика бран на разочарување на Балканот.

– Разочарувањето беше особено големо во Северна Македонија, каде премиерот Зоран Заев ја вложи целата своја политичка тежина во унапредување на европскиот пат на неговата земја, пишува швајцарскиот весник.

„Ле Матан“ наведува дека веднаш по европската блокада, социјалдемократскиот премиер најави распишување предвремени парламентарни избори за 12 април, со цел да побара од гласачите да ја потврдат неговата политичка стратегија.

Во согласност со законот тој денеска ја потпиша својата оставка со цел да отстапи место на влада одговорна за вршење на работите до изборите. Оваа техничка влада, која е составена од мнозинската коалиција и опозицијата, треба да биде предводена од Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи во Владата на Заев. Парламентот треба да го одобри назначувањето на овој кабинет во текот на денот, нагласува „Ле Матан“.

Весникот понатаму потсетува дека Зоран Заев во 2017 година „ја урна од власта десничарската партија на Никола Груевски“. – Никола Груевски владееше со земјата една деценија пред да биде сменет, опкружен со афери за корупција, злоупотреба на службената должност и нелегално прислушување, по што побегна во странство, додава весникот.

„Ле Матан“ истакнува дека и покрај жестокото противење на националистите, Заев „започна сложен и политички ризичен процес за промена на името на својата земја, која претходно се викаше Македонија, со цел да се стави крај на долгиот спор со Грција“.

– Брисел инсистираше на оваа промена, ветувајќи дека поранешната југословенска република ќе биде наградена за тоа, истакнува „Ле Матан“.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев