ЛДП: Жалиме што власта не го поддржа СЈО и застана во заштита на криминалот

Од:

„Либерално-демократската партија изразува жалење што владејачкото мнозинство во Парламентот не ги поддржа законските измени кои Специјалното јавно обвинителство  ги побара за поефикасно работење. Не  можеме да најдеме оправдување зошто поединци или политичка партија би биле против измените кои ги бараше ова обвинителство, освен тоа дека целта им била да го заштитат и прикријат криминалот, корупцијата и изборните фалсификати.

Новата влада по 11 декември, ќе ги поддржи измените кои ги побара СЈО, со што со самото продолжување на рокот од 18 месеци за отворање постапки, СЈО  ќе добие можност докрај да ги истражи предметите што  се или допрва ќе се формираат од прислушуваните материјали.  Ќе ги прифатиме и измените за заштитени сведоци, со што нема да оставиме  простор засегнатите да вршат притисок  и репресија врз сведоците.

Мора еднаш засекогаш да расчистиме со политичарите кои политичката функција ја гледаат единствено како можност за лично богатење, стекнување моќ и влијание.

Криминалот не познава ни вера, ни нација, ни партиска припадност.

Сите оние кои го прекршиле законот мора да одговараат и од тоа бегање нема. Секој оној кој ќе се стави во одбрана на криминалот, по дефиниција станува негов соучесник.

Затоа новата власт ќе ги спроведува и практикува правдата и правото поеднакво за сите“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже: „Гласав за банките, а не за народот”

Горан Наумовски

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он