ЛДП: Забрана на Тик Ток и контрола на содржината на социјалните мрежи за поголема онлајн заштита на децата

Од:

Либерално-демократската партија најостро го осудува неодговорното и неконтролирано ширење на содржини на социјалните мрежи, како што е последниот ТикТок „предизвик“, познат како „Супермен“, кој само во последните 24 часа резултираше со повреди кај уште шест деца во Скопје и други градови низ Македонија.

Најмладиот од повредените има само 10 години, а најстариот 17 години. Овие податоци не се само загрижувачки, туку алармантни. Децата, нашата најранлива категорија, стануваат жртви на опасни игри кои се пласираат преку социјалните мрежи. Тие содржини, под маската на „забава“, претставуваат сериозна закана за нивното физичко и ментално здравје, а ние како општество мора да преземеме одговорност и да ги спречиме ваквите несреќи.

Немањето соодветна контрола врз содржините кои се достапни на социјалните мрежи овозможува ваквите „игри“ да стигнат до најранливите корисници. Ова е директен удар врз нашата колективна одговорност како политички партии, како родители, како институции, но и генерално, како општество.

ЛДП потсетува на предлогот кој минатата година го достави до Министерството за образование и наука непосредно по немилите настани во соседна Србија, а со кој се бара контрола на содржината која се емитува на социјалните мрежи, како и забрана на содржините кои поттикнуваат насилство.

Затоа, бараме итно регулирање на содржините на социјалните мрежи со воведување на мерки за забрана на оние кои поттикнуваат насилство и саморазорувачко однесување, зголемување на надзорот и воведување санкции за платформи кои овозможуваат опасни содржини достапни за малолетници.

Време е да се освестиме како општество и да не дозволиме уште едно дете да биде жртва на вакви опасни игри. Нашите најмлади заслужуваат детство исполнето со радост, а не со страв и последици од несреќни трендови, наведуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Десет пожари на отворено регистрирани денеска низ државава, три сè уште активни

Предраг Петровиќ

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање

Предраг Петровиќ

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Топлотен бран следните 10 дена, температурите над 40 степени

Поради Мицкоски, Македонија ги загуби европските пари од ИПА за пругата, тврдат од СДСМ

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици