ЛДП: Прво Влада, па законско решение за одржување на локалните избори

Од:

„Либерално-демократската партија го повикува Ѓорге Иванов да го додели мандатот за составување на нова реформска Влада, а парламентарниот состав на ВМРО-ДПМНЕ да не ги опструира демократските процеси за формирање на влада. Во овој момент потребно е да се надминат разликите, да се постигне договор за формирање на Влада, за потоа да се определи и датум за одржување на локалните избори.

Граѓаните на Република Македонија во оваа ситуација реално стравуваат од блокада на локалните самоуправи и последиците врз нивниот секојдневен живот, но новото парламентарно мнозинство веќе размислува за законско решение за излезе од ситуацијата.

Всушност, блокадата на Собранието на Република Македонија, од страна на пратениците на ВМРО-ДМПНЕ, со бесконечно долгите дискусии и нелогичното меѓусебно реплицирање, при изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, е намерен обид за блокирање на институциите на државно и на локално ниво. Да беше избрана новата влада, досега ќе беа распишани и локалните избори и немаше да се доведе во прашање функицонирањето на општините.

Затоа час поскоро Иванов, да го додели мандатот за составување на реформска Влада на Зоран Заев. Да се изберат најмалку две собраниски комисии, Законодавно правна комисија и Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, со цел да биде продолжен мандатот на локалните органи.

Функионирањето на државата веќе подолг период е ограничено од раководење на т.н техничка влада, под туторство на Груевски, а сега сме соочени и со закана за целосно блокирање на органите на локалната самоуправа.
Затоа ставот на ЛДП е дека само по изборот на новата Влада, може да се разговара за датумот на одржување на наредните локални избори“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

ЛДП ќе бара итна средба со премиерот за јасна стратегија и поддршка во евроинтеграциите

А1он

ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за градоначалници во 25 општини, за Град Скопје се бара најдобриот кандидат

Горан Наумовски

Герасимовски и Христовски сигурни кандидати за нов мандат