А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ЛДП: Остварено, а не ветено – нов ценовен шок

by А1он12/07/2014 - 13:1312/07/2014 - 19:51218
Share0

„Владата на Никола Груевски ги поскапе патарините од 20- 25 проценти. За да одите до Гевгелија и назад до Скопје, со амин на Владата, наместо 280 денари, отсега ќе треба да платите 360 денари.

Следете a1on на Instagram Instagram

И сето ова, Владата ни го „спакува“ кога Македонија тагува за 4-та трагично загинати граѓани на РМ, врвни професионалци и кога сите стравуваа од ескалација и несакани последици од протестите. Тимот на Груевски секогаш се „грижи“ вестите за разните поскапувања или скандали на неговиот тим, за лошите оценки од меѓународната јавност да одат заедно со масовни апсења, пронаоѓање дрога или протести и контра-протести.

На два месеци по изборите, наместо ветениот подобар и поквалитетен живот, добивме повисоки цени на бензините, струјата, цигарите, нови тензии и протести, незадоволни стечајци, изиграни професори, извисени фиктивно вработени. Розовите ветувања од познатите роуд шоуа на атрактивни дестинаци, редовно се без ефект“, пишува во соопштението на ЛДП.

„Премиере, не ги залажувајте студентите со еден ден бесплатен превоз, прифатете го предлогот на ЛДП за комплетно бесплатен превоз, не ги купувајте евтино пензионерите со бесплатно возење в недела. Сите овие наводни олеснувања, граѓаните дебело си ги платија и преплатија со од вас измислените нови давачки и со секојдневните поскапувања, кои драстично го загрозија животниот стандард. Не ни праќајте абери од светот дека само што не почнале да слетуваат авиони полни со инвеститори , зошто уште ни се свежи сеќавањата на инвеститорот од Тексас, глумецот-млекар и, се разбира, на светски познатиот малверзант Субрата Рој.

Следете a1on на Youtube YouTube

ЛДП бара премиерот и Владата да се откажат од луксузирањата и од голата пропаганда и, конечно, да се посветат на вистинско решавање на животните проблеми на граѓаните“, велат од ЛДП.

ldpposkapuvanje

Би можело да ве интересира

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:22

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 09:1603/10/2026 - 09:55

Поскапуваат горивата

А1он07/09/2026 - 13:13

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 09:53

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Предраг Петровиќ08/06/2026 - 16:46

Ќе има зголемување на цените на земјоделските производи

Горан Наумовски18/03/2026 - 12:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео