ЛДП Охрид: Oтчетот на градоначалникот е како отчет на МВР

Од:

ЛДП по повод изминувањето на првите сто дена од од мандатот на актуелниот градоначалник се огласи со соопштение.

ЛДП, велат, секогаш ќе биде на страната на интересите на градот и на граѓаните. ЛДП оценува дека овие 100 дена владеење покажаа повеќе сконцентрираност кон минатото отколку кон иднината.

Политичките и непринципиелните одлуки и овој пат не нѐ заобиколија. Отчетот кој го видовме во текот на вчерашниот ден повеќе личеше на отчет од Министерството за внатрешни работи отколку на отчет за сработеното во овие сто дена“, стои во соопштението на ЛДП.

Од друга страна, велат, смешно, во фокусот на јавноста се ставаат искосени тревници, закрпени односно асфалтирани дупки кои никако не смеат да се сфатат како проекти туку напротив како нешто што по дефиниција е задача на секој кој е одговорен за тој ресор.

„Затоа, по повод првите сто дена решивме во она што е типично за ЛДП како партија со концепт, позната посвојата конструктивност место само да критикува тимот на ЛДП веќе работи на проекти кои ќе бидат претставени во Советот на општина Охрид, каде ќе ја побараме поддршката од сите членови на советот. Нешто што конкретно сега го подготвува тимот на ЛДП е проект за старитот дел од градот каде имаме изработено план за отварање на занаетчиски работилници, мали ресторани за храна и пијалоци во автентичен стил, односно унифициран градски стил.

– Во овој проект влегува осветлување на секое сокаче од тој дел на градот како и озвучување на улиците со тивка староградска музика. Ова ќе биде еден вид проект за самовработување односно секој сопственик на простор кој ќе пројави желба после презентацијата на проекто,т да биде субвенциониран и поддржан од страна на оштина Охрид, во поглед на адаптирање и уредување на просториите. Ова со груба пресметка би значело уште 500 нови сезонски работни места и зголемување на атрактивноста на туристичата понуда“, се вели во соопштението на ЛДП, Охрид.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски