ЛДП: Негрижата на власта ја издигна Македонија на листата најзагадени држави во светот

Од:

„Алармантаната загаденост на амбиенталниот воздух во Македонија повторно го заслужува епитетот смртоносен. Негрижата на власта ја издигна Македонија на врвот на црната листа на најзагадени држави во светот.

Посебно e критична ситуацијата со суспендираните ПМ10 честички, кои се директен предизвикувач на респираторни болести и канцер кај децата и возрасните. Тоа е данокот што го плаќаат граѓаните и за урбанистичкиот хаос, уништувањето на зелените површини во градовите, за големиот број увезени стари автомобили, но и за греењето на домаќинствата и институциите на дрва и нафта.

Милионите евра вложени во „Скопје  2014“ требаше да се наменат за гасификација на целата територија на Р. Македонија и за вградување на еколошки стандарди на големите загадувачи, РЕК-Битола, Југохром , Окта и ним сличните. Инвестициите требаше да се насочат во обновливи извори на енергија и чисти води.

Каков живот ќе живееме, зависи од сите нас!

Токму ова ќе бидат дел од темите на втората по ред трибина на Либерално-демократската партија, која ќе биде втора од серијата “Македонија после Груевизмот – Либерални решенија“, која ќе се одржи во Битола на 5-ти ноември, во 19:00 часот, во големата сала на хотел “Епинал“. На трибината за загадувањето и последиците по здравјето на граѓаните, како и за мерките за подобрување на здравата животна средина ќе се обратат универзитетските професори Зоран Шапуриќ, поранешен министер за животна средина и просторно планирање и Никола Пановски. За економијата и актуелната општествена и политичка состојба во државата ќе говорат Јован Манасијевски, поранешен министер за труд и социјална политика и одбрана и претседателот на ЛДП, Горан Милевски“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство